Манчестер Јунајтед е во преговори со голманот на Астон вила, Емилијано Мартинез, за потенцијален трансфер.
Како што објави „ESPN“, премиерлигашот го гледа 32-годишниот голман како главен кандидат за замена на Андре Онана.
Во сезоната 2024/25, Мартинез прими 61 гол и имаше 16 средби со чиста мрежа на 53 натпревари за Астон вила во сите натпреварувања. Неговиот договор со тимот е со важност до 30 јуни 2029 година.