Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот против Италија и изјави дека „рисовите“ се подготвени за тешкиот предизвик против четирикратниот светски шампион.
Играме против квалитетна репрезентација, очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија. Не се плашиме од ниту еден од италијанските фудбалери и храбро ќе излеземе на терен. Доста наши луѓе ќе дојдат на трибините и тоа посебно ги мотивира моите соиграчи.
Натпреварот е битен за Италија, но ние си гледаме за себе. Дојдовме во потрага по три бода и без разлика колкав е притисокот, ние треба да го дадеме максимумот и да пробаме да победиме. Не знам дали Италија ја потцени нашата селекција на претходните три натпревари, не сум баш сигурен.
Може да кажам дека ја гледаме само нашата игра и дојдовме да победиме. Го познавам Спалети, мислам дека нема да направи големи тактички промени. Истите задачи како за фудбалерите во Наполи, ќе ги бара и од репрезентативците на Италија. Очекувам висок пресинг и посед на топка. Ние сме тука тоа да не го дозволиме“, заклучи Елмас.
foto:ffm.mk