Фудбал

Елиф Елмас постигна гол за Лајпциг

Елиф Елмас постигна гол за Лајпциг

Бистински старт за македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во дресот на Лајпциг затоа што од првиот ден е на подготовките за престојната кампања, а изданија како денешново против Бабелсберг сигурно ќе му помогнат да се наметне кај тренерот Марко Розе.

Бундеслигашот славеше на тестот со 1-0, а единствениот гол беше дело на Елмас во финишот на првиот дел. Офанзивецот погоди со глава по слободниот удар кој го изведе Кевин Кампл.

To top