Фудбал

Елези: Нема повеќе добиени натпревари пред време

Елези: Нема повеќе добиени натпревари пред време

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за новата сезона во Лигата на Нации.

Фудбалерот на Бохум, Агон Елези не го криеше задоволството што повторно е дел од националниот состав и потенцираше дека Македонија ќе цели на првото место во групата.

„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално спремни и се желни за добар резултат. Во модерниот фудбал нема добиени натпревари пред време. Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме. Но, тоа треба да го покажеме на теран“, рече Елези.

To top