Еден од најголемите таленти од младинската школа на Барселона, Педро Фернандес попознат како Дро, ќе биде нов играч на Пари Сен Жермен.
Според најавите, 18-годишниот тинејџер веќе се согласил да потпише четири и пол годишен договор со актуелниот европски првак.
Францускиот тим го следеше развојот на Дро и успеа да ја искорист незаинтересираноста на Барселона, па договорот на талентот може да биде раскинат со плаќање на само шест милиони евра, сума која не е никаков проблем за ПСЖ да ја исплати.