Џуд Белингем, беше избран за најдобар играч во Примера за изминатата сезона. Англискиот интернационалец учествуваше на вкупно 28 натпревари за кралскиот клуб, на кои постигна 19 голови и имаше 6 асистенции.
Интересно, минатата година Белингем ја доби наградата за најдобар играч во Бундеслигата, а сега истата награда ја заслужи и во својата дебитантска сезона во Шпанија.
-Оваа награда ја посветувам на моите соиграчи и стручниот штаб бидејќи нивната поддршка и верба во мене многу ми помогна, изјави Белингем.
Во сите натпреварувања Англичанецот забележа 41 натпревар, со 23 гола и 12 погодоци. Неговиот договор со Реал е до 2029 година.