Од трансфер вреден 100 милиони фунти, до позајмица во Евертон. Така некако изгледаше кариерата на Џек Грилиш во Манчестер Сити.
Иако тој во клубот пристигна како сензационален трансфер, играчот не покажа особени резултати во изминатата сезона, по што Сити се согласи да го пушти на позајмица во Евертон за наредната сезона.
Играчот кој е познат по својот боемски начин на живот, често можеше да се види како пие алкохол и се забавува во ноќни клубови, нешто што најверојатно влијаеше на неговата форма на терените.
Но сепак тој беше доста омилен меѓу навивачите, токму поради неговата искреност и хуманитарност.
Грилиш ќе го носи дресот со број 18 во новиот клуб, а за трансферот тој изјави: “Ова е одлично. Евертон е навистина голем клуб”.