Освен тоа што доби црвен картон на натпреварот против Џенова поради што нема да игра во следното коло од Серија А, Душан Влаховиќ ќе добие и казна од Јувентус поради конфликтот со тренерот Масимилијано Алегри.
Додека излегуваше од теренот, тој нешто му дофрли на шефот на стручниот штаб и тоа нема да помине без санкција.
„За жал, направи грешка и ќе биде казнет од страна на клубот. Уште не сум разговарал со него“, откри Алегри по натпреварот.