Фудбал

Душан Влаховиќ е замената за Левандовски во Барселона?!

Душан Влаховиќ е замената за Левандовски во Барселона?!

Душан Влаховиќ во Барселона? Не е невозможно.

Имено по четири и пол години, Душан Влаховиќ ќе го напушти Јувентус. Србинот не успеа да се договори за нов договор со Стара Дама, а неговиот сегашен истекува на крајот од оваа сезона.

25-годишниот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Барселона. Каталонците веќе започнаа преговори со српскиот напаѓач.

Првичните разговори се водени. Барса му достави понуда на Влаховиќ и тој во моментов е идеална опција за Каталонците.

Барселона нема пари за големи трансфери. Како и во претходните сезони, раководството на тимот од стадионот „Камп Ноу“ ќе бара слободни играчи, па Влаховиќ е на врвот на листата.

Очигледно, во овој тим веруваат дека Душан би можел да го замени Роберт Левандовски.

Сепак, разговорите штотуку започнаа и работата е далеку од реализација. Српскиот фудбалер е поврзан со бројни клубови. Атлетико Мадрид е исто така во игра, тука се и ПСЖ, Ливерпул и Милан. Росонерите наводно се најверојатната опција за Влаховиќ засега.

Тие се во преговори веќе долго време, Душан е подготвен да оди на Сан Сиро, но преговорите за плата се сериозен проблем.

Тој одби плата од осум милиони евра нето во Јувентус. Верува дека вреди повеќе, но навистина е тешко да се поверува дека постои клуб кој ќе му ја даде сумата од 12 милиони евра, што е она што го побара од Старата Дама.

To top