Фудбал

Душан Тадиќ нема веќе да игра за репрезентацијата на Србија

Душан Тадиќ нема веќе да игра за репрезентацијата на Србија

Душан Тадиќ повеќе нема да игра за Србија. Српската фудбалска репрезентација наскоро ќе треба да одбере нов капитен, бидејќи досегашниот најави репрезентативна пензија. Оваа вест ексклузивно ја објави српски „Телеграф“.

„Засега официјално не се познати причините, но може да се претпостави дека сè се „скрши“ на ЕП, кога јавно ги критикуваше одлуките на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, кој не го стави во првиот состав за натпреварот против Англија, а потоа и за одлучувачкиот меч со Данска“, пишува Телеграф.

To top