Фудбал

Дортмунд му врати на ПСЖ за тролањето од пред четири години: Вкусно е како убаво вино!

Дортмунд му врати на ПСЖ за тролањето од пред четири години: Вкусно е како убаво вино!

Борусија Дортмунд го помина ПСЖ и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите, а админот на социјалните мрежи на германскиот тим, не заборави што се случуваше пред четири години.

Тогаш овие две екипи играа во осминафиналето од Лигата на шампионите, ПСЖ помина понатаму, а по мечот фудбалерите на францускиот тим го тролаа противникот правејќи го сите начинот на кој Халанд ги прославуваше погодоците против нив.

Играчите на ПСЖ го имитираа Халанд исмевајќи му се, но сега стигна време за одмазда.

Борусија Дортмунд ја сподели таа слика и напиша: „Вкусно е како убаво вино“.

To top