По катастрофалните настапи на голот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана сепак се најде на списокот на камерунската репрезентација за настап на Африканскиот куп на нации.
Првиот избор на Ерик Тен Хаг за голот на Јунајтед ќе биде отсутен од клубот во текот на јануари и ќе прескокне четири натпревари за „Црвените ѓаволи“ во Англија.
Ова значи дека на голот на екипата од „Олд Трафорд“ ќе застане Алтај Бајиндир или Том Хитон, двете опции за прва ракавица во отсуство на Онана.
Ваквата ситуација наиде на позитивни коментари и реакции на социјалните мрежи од навивачите на Јунајтед.