Аргентинскиот играч од средниот ред на Бенфика, Анхел Ди Марија размислува да се пресели во американскиот МЛС клуб, Интер Мајами, за кој настапува неговиот репрезентативен партнер, Лионел Меси, пренесува новинарот и инсајдер, Фабрицио Романо.
Според Романо, американскиот клуб веќе побарал информации за ситуацијата на Ди Марија во Бенфика, чиј договор истекува летово. Но клубот има опција да го продолжи договорот со Аргентинецот на уште една година.
Од друга страна официјална понуда од Интер Мајами се’ уште нема. Сезонава 36-годишниот играч за врска одигра 46 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, на кои постигна 16 гола и имаше 15 асистенции. Цената на Ди Марија на фудбалскиот пазар изнесува четири милиони евра.