Дидие Дешанп после Светското првенство во фудбал следната година ќе ја напушти селекторската функција во репрезентацијата на Франција.
Оваа информација ја пренесуваат француските медиуми, кои велат дека самиот Дешанп ја донел оваа одлука.
Легендарниот Французин на клупата на „триколорите“ седна во 2012 година, кога го наследи Лоран Блан, што би значело дека цели 14 години ја предводи Франција.
До сега ги водеше на 165 натпревари, а оваа бројка ќе се зголеми во квалификациите за Мундијалот и самото Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Дешанп како селектор на водеше Франција до светската титула во 2022 во Русија, но и до финалињата на Европското првенство во 2016 и Светското во 2022. Ја освои и Лигата на нации во 2021 година.
Најсериозен кандидат за негов наследник е уште една француска легенда, Зинедин Зидан, кој долго најавува дека во својата тренерска кариера може да ги води само Франција и Реал Мадрид.