Фудбал

Десеттото засилување за Челзи оваа лето ќе биде Педро Нето

Десеттото засилување за Челзи оваа лето ќе биде Педро Нето

Лондонски Челзи постигна договор со Вулверхемптон за трансфер на крилниот фудбалер Педро Нето.

Според „Би-Би-Си“, лондончани ќе платат 60 милиони евра плус, три милиони евра во форма на бонуси. Претходно, Вулверхемптон одби две понуди од Челзи, но последната била прифатена.

24-годишниот Португалец наскоро треба да патува за Лондон за да ги мине медицинските прегледи, по што ќе го потпише својот договор. Тој и неговиот агент веќе ги договориле личните услови со Челзи.

To top