Фудбал

Десет играчи ќе го напуштат Манчестер Јунајтед оваа лето

Десет играчи ќе го напуштат Манчестер Јунајтед оваа лето

Се подготвува чистка на „Олд Трафорд“ или поточно се најавува заминување на двоцифрен број на играчи.

Јунајтед сака да се ослободи и да ги продаде Маркус Рашфорд, Антони и Џејдон Санчо кои сега се на позајмици во Астон Вила, Бетис и Челси.

Искусниот играч за врска Касемиро исто е на излезна врата, Џони Еванс и Том Хитон се очекува да заминат во пензија, додека скандинавците Кристијан Ериксен и Виктоф Линделоф да бидат ослободени.

Незвесна е иднината на голманот Алтај Бајиндир, а тука се и левите бекови Тајрел Маласија кој е позајмен во ПСВ и може таму да остане и вечно повредениот Лук Шок за кого постои опција да биде продаден ако се најде заитересиран клуб.

To top