Фудбал фудбал

Дербито во Струга, Седлоски на клупата на Вардар против Шкупи

Шест натпревари денеска ќе го комплетираат 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Поради репрезентативната пауза 14. рунда ќе се одигра денеска, наместо во недела како што е традиција. Гоце Седлоски ќе го има своето деби на клупата на Вардар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, против својот исто така поранешен клуб со кој ја освои титулата во ПМФЛ, Шкупи.

Шкупи е без пораз на последните шест меча со Вардар, а на последните пет дуели на скопските ривали Шкупи има пет победи со импресивна гол-разлика 11-0. Интересно се очекува да биде и во Струга каде актуелниот шампион ќе го пречека Работнички. Фудбалерот на „романтичарите“, Теодор Николовски пред мечот вели дека неговиот тим го очекува тежок меч против шампионот.

„Не очекува нов голем предизвик, гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Тие имаат одличен тим и заслужуваат респект, но и ние со голема самодоверба патуваме во Струга. Ќе биде тоа еден тежок натпревар и сигурно дека ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за надигрување и веруваме дека и по ова коло ќе останеме лидери на табелата во Првата лига“, изјави Николовски.

Сите средби од оваа коло ќе почнат во стандардниот термин, 13 часот.

To top