Фудбал

Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македонија (ВИДЕО)

Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македонија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

Крањ и Словенија засекогаш ќе останат запишани длабоко во аналите на македонскиот фудбал како почеток на фудбалскиот сон да имаме своја репрезентација која бепе предводена од легендарниот Андон Дончевски.

На 13. октомври 1993 година репрезентацијата предводена од првиот македонски селектор Андон Дончевски во Словенија го одигра првиот официјален натпревар, признаен ФИФА и УЕФА, и победи со 1-4.

Стрелец на првиот репрезентативен гол за независна Македонија беше Зоран Бошковски – Чоко, а на асистенција на Дарко Панчев, уште во 3. минута од стрелбата. Потоа погодија од пенал и Панчев и Јаневски а четвртиот гол со убав шут од далечина го постигна Драган Канатларовски.

МАКЕДОНИЈА: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63′ Неџмедин Мемеди), Зоран Јованоски, Љупчо Марковски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски (86′ Ванчо Мицевски), Бобан Бабунски (12′ Горан Георгиевски, 73′ Сашо Милошевски), Тони Мицевски, Дарко Панчев.

Селектор: Андон Дончевски.

To top