Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, даде интересна изјава за шпанските медиуми и рече дека неговиот тим допрва ќе стане уште посилен, што автоматски значи дека ќе биде главен фаворит за титулата на Светското првенство кое ќе се одржи за две години.
„Јавноста не веруваше дека можеме да оствариме успех на Европското првенство, но ние го докажавме спротивното. Репрезентацијата секогаш мора да има поддршка од навивачите и тоа сум го рекол безброј пати. Овој тим е млад и полетен, ќе растеме уште повеќе и ќе бидеме уште посилни.
Очекувањата растат кај сите, вклучително и кај мене. Сакам да го освоиме и Светското првенство, не гледам зошто не би биле главен фаворит за титулата. Максимална почит за сите репрезентации, но ние ќе атакуваме на трофејот и нема да се задоволиме со ништо помалку“, оптимистички изјави селекторот.