Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте верува дека финалниот меч на ЕП против Англија ќе биде незаборавен спектакл.
„Нè очекува финале против многу сериозен ривал. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, но немаме многу простор за грешки“, изјави Де ла Фуенте.
Тој додаде дека стиловите на игра на Шпанија и Англија се многу различни и затоа очекува вистинско шоу за публиката.
„Двете екипи се во врвна форма. Тоа ќе биде одлично шоу за публиката. Нашите стилови се многу различни. Англичаните играат физички, нивните играчи сакаат простор. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, да го имаме поседот на топката, но и да создаваме можности по контранапади. Но, во предвид доаѓаат и други аспекти“, додаде шпанскиот селектор.