Oд најмали нозе во себе има победнички менталитет, верба во успех и непоправлив оптимист.
Кога ќе го слушнете како размислува, тогаш дефинитивно верувате дека соништата можат да се остварат со напорна работа и верба во сопствените можности, тоа е Давид Бабунски кој од оваа година е нов фудбалер на шкотскиот Данди Јунајтед,
Македонскиот фудбалски репрезентативец кариерата ја започна во младинската школа на Барселона, а последен клуб на Давид Бабунски пред овој трансфер беше унгарскиот Мезоковешди, од каде по истекот на договорот како слободен играч се пресели во Шкотска.
Во својата кариера Бабунски настапуваше уште и за Црвена звезда, Јокохама, Омија Ардија, Ботошани, Вииторул Констанца и Дебрецин. Националн дрес на Македонија за него е чест и привилегија.
Давид за тебе шкотскиот Данди Јунајтед е ново поглавје во твојата богата фудбалса кариера.
Да токму така и искрено да ви кажам многу сум среќен што потпишав за оваа екипа. Во последните години бев во потрага по нова фудбалска средина каде што ќе може да продолжам да играм фудбал и да се развивам како фудбалер во квалитетна фудбалска лига во Европа. Се отвори шансата да дојдам во Шкотска и покрај тоа што имав и неколку други понуди кои ги одбив без размислување во тој момент. За мене оваа е нов предивик во земја со фудбалска историја и каде фудбалот е религија.
Првите импресии во новиот тим и новата средина
Позитивно сум изненаден од сите во клубот заедно со навивачите и неверојатно е како добро не прифатија од самиот старт и мене и Трапановски. Исто така во подготвителниот период се поклопија многу работи од кои пријатно сум изненаден. Данди Јунајтед е клуб со голема истоија и традиција, екипа која што минатата година влезе во најелитното фудбалско друштво на Шкотска. Очкувањата се секогаш големи од страна на навивачите. Добро стартувавме на почетокот од шампионато и се надваме дека ќе влеземе во најдобрите шест екипи кои потоа продолжуваат во така наречениот плеј-оф и се борат за шампионската титула и места кои што водат за излез во Европа.
Репрезентацијата ја стартуваше третата сезона во Лигата на Нации. Какви се шансите на нашиот национален тим во групата со Фарски Острови, Ерменија и Летонија?
Искрено имаме шанса за добар резултат затоа што групата е многу добра за нас, без да се подценуваат противниците и квалитетот на ниедна репрезентација. Нема да биде лесно против никого, туку треба да се влезе и заигра како што треба на секој меч и максимално да ја искористиме оваа шанса. Секогаш ќе бидам на располагање кога е во прашање националниот тим и верувајте дека навистина посебно се чуствувам кога играм за Македонија.
Малку да ни кажеш за твоите почетоци во фудбалот.
Буквално со топката проодував. Уште од мал се гледаше мојот талент и големата љубов кон фудбалот. Целото мое детсво беше фокусирано кон овој спорт и бев навистина маѓепсан од магијата на фудбалот. Почнав во младински категории на Барселона каде ги поминав помладите категории и каде акумулирав огромно искуство и знаење. Најубавите моменти ги поминамв во можеби златните години на каталонскиот гигант каде работеа најдобрите тренери од кои учев не само фудбалски туку и да се формирам и карактерно и како комплетна личност. Во мојата кариера каде што сум настапувал секогаш сум сакал да извлечам нешто позитивно и убаво од секое место. Особено во мојата кариера ме импресионираше и мојот предстој во Јапонија. Таа земја и култура е сосема различна од останатите земји во светот. Со репрезентацијата секој момент ми е драгоцен и незаборавен затоа што од секогаш сум сакал да играм во дресот на мојата земја. Додека настапував во Барселона играв за каталонската репрезентација во тој период и имав неколку настапи во селекцијата до 16 години и 18 години , но сепак срцето знаеше дека сакам да играм само за Македонија и никогаш немало дилема околу одлуката за кого ќе играм.Особено неможе да се заборави моментот откако со репрезентација до 21 година успеавме да се пласираме на ЕП во Полска. Лошите работи и ситуации не сакам ниту да ги перцепирам, туку гледам бргу да ги заборавам и веднаш да се насочам кон новата цел и шанса за докажување.
Во фудбалот го наследивте вашио татко Бобан и ти и брат ти? Дали во твоите потомци гледаш нешто такво дека и тие еден ден ќе станат фудбалери?
Ги влече навистина топката, најверојатно поради тоа што често ме гледаат како играм и тренирам. Не сакам да им наметнувам ,но се радувам и буквално ми светкаат очите кога ќе ги видам дека се играат со топката , а не со некоја друга играчка или да бараат некоја друга игра. Мали се сеуште едниот е шест, помалиот 4 ипол, но сакаат да играат. Интересно е што постариот син шутира со левата нога и интересно е што никогаш во семејството не сме имале “леваче” и тоа е добро. Дедо Боби се радува, едвај чека и мудро молчи. Сега кога ќе се вратам во Шкоткса, сакам да ги запишам во помалите категории во академијата на клубот и да почнат да тренираат ,па ќе видиме како ќе им се развива нивниот пат. Сигурно ќе спортуваат, но нема да им наметнувам како ќе одлучат така, од нас како семејство сигурно што и да решат ќе имаат комплетна подршка во иднината.
Како го оценуваш новиот формат на фудбалската ЛШ и кој според тебе е фаворит за освојување на титулата?
Како и секоја промена во некоја организација или натпреварување ќе предизвика на почетокот реакција кај луѓето кои се засегнати по тоа прашање и таа тема. Сигурно ќе има позитивни и негативни реакции и критики, тоа е нормално. Оваа ќе биде сосема нешто ново за сите и мислам дека како ќе одминува времето ќе го прифатиме и ќе уживаме во тоа. Сметам дека ќе биде добро, затоа што ќе има поголем број на квалитетни натпревари во ЛШ и ќе уживаме во секој од нив. Има многу кои екипи кои ќе се борат за пехарот, но јас само едно знам дека навивам за Барселона. Добро тргнаа со Ханси Флик и покрај проблемите пред се финасиски, проблеми со повредедени играчи пропаднатите трансфери, но ете квалитетот повторно излезе на виделина особено на младите играчи, се издигнаа. Откако Лапорта се врати Барселона повторно е на вистинскиот пат и се надевам ќе се врати на Европскиот врв.
Твоја порака за помладите фудбалери и спортисти која вистинската формула за успех ?
Треба само да веруваш во самиот себе и своите спообност. Потоа констатно да се подобруваш и да вложуваш во себе и да се надоградуваш. Затоа сонувај, работи на себе, резултатот порано или подоцна ќе дојде сам по себе. Само треба да имаш трпение и дисциплина многу едноставно. Иако сум 30 години, играчки се чувствувам како да сум на 20 години и натаму верувам во своите соништа и уште подобри резултати дали на клупско или репрезентативно ниво, рече Давид Бабунски.