Даниеле Де Роси веќе не е тренер на Рома и „волчицата“ објави неочекувано италијанскиот клуб.
Шокантната вест за фановите на римскиот клуб е објавена утринава, а одлуката е донесена по неубедливите настапи на екипата на почетокот на сезоната.
– Одлуката на клубот е донесена во интерес на тимот, со цел навремено да се продолжи по посакуваниот пат, во време кога сезоната се уште е на почеток, – стои во клупското соопштение на Рома.
Рома освои само три бода на четири одиграни натпревари од почетокот на сезоната во Серија А.