Фудбал

Дани Олмо во Барселона за 55 милиони евра

Дани Олмо во Барселона за 55 милиони евра

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо ќе биде нов член на Барселона.

Лајпциг долго време инсистираше на загарантирани 60 милиони евра, но германскиот клуб на крајот се задоволи со 55 милиони евра загарантирана сума, плус седум милиони евра врзани со неколку клаузули.

Самиот Олмо не ја криеше желбата од бројните заинтресирани клубови да заигра токму за Барселона. Тој веќе ги има договорено личните услови и ќе потпише договор до јуни 2030 година.

To top