Иако Барселона имаше проблеми откако Судот двапати го одби барањето за регистрација, сепак Лапорта испратил гарантни документи со кои би требало целата работа да има среќен епилог, а потврда за тоа се очекува најдоцна до први јануари.
„Јас до последен момент верувам дека Олмо ќе биде регистриран и ќе остане во нашиот клуб. Сакаме нашите навивачи да бидат спокојни и весели за време на новогодишните празници. Нема простор за паника, работиме на случајот и се надевам дека ќе добиеме позитивна разрешница“, рече Лапорта.
Финалната одлука треба да ја соопшти Шпанската фудбалска федерација, која треба да даде „зелено светло“ за регистрацијата на Олмо.