Фудбал

Дани Олмо може да ја напушти Барселона без обештетување

Дани Олмо може да ја напушти Барселона без обештетување

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо би можел да стане слободен играч и да ја напушти Барсеелона само неколку месеци по неговото доаѓање.

Шпанскиот репрезентативец летово ја засили Барселона за трансфер вреден околу 60 милиони евра, но по само неколку месеци би можел да го напушти клубот.

Причината не е лоша игра, туку финансиските проблеми со кои се бори каталонскиот клуб. Барса едвај успеаја да го приајви за есенскиот дел од сезоната, но од први јануари почнуваат да важат нови правила, па веќе се одлучува дали има основа фудбалерот да биде пријавен.

To top