Хравтската фудбалска репрезентација ќе ни биде домаќин во Ријека, а селекторот Златко Далиќ го најави мечот.
„Респект за Македонија, на овој натпревар ќе им дадеме шанса на сите 16 играчи. Шест замени се можни, сите ќе ги направиме. Некои играчи ќе ги одмориме, некои ќе ги ротираме, или нема воопшто да играат. Влашиќ тукушто ни се приклучи, но нема да игра на натпреварот. Она што можам да кажам е дека Перишиќ ќе го почне натпреварот, за да видиме во каква состојба е и што може да направи. Многу тренира и работи. Овој меч ќе биде и јубилеј за Ковачиќ, тој ќе има шанса за го запише 100 настап“, изјави Далиќ.
Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија се игра утре (понеделник) од 19:00 часот.