Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ изјави дека неговиот тим „не сака да си оди дома толку рано“.
„Не сакаме да си одиме дома толку рано. Досега ги немавме резултатите што ги посакувавме, сега ни претстои меч со Италија и сигурно ќе биде историски меч“, изјави Далиќ на прес-конференцијата.
Хрватска во понеделник ќе игра против Италија во последното, трето коло од групата Б на Европското првенство.
„Ја знаеме нашата ситуација и утре ќе бидеме подготвени за борба. Знаеме дека им е доволен бод, па ќе се обидеме да ги спречиме да стигнат до тоа реми. Ќе се обидеме да останеме опуштени, да не ја изгубиме присебноста и да не да го оставиме противникот да доминира“, додаде Далиќ.