Сега на Хравтска ќе им е потребна победа за да ја минат групата.
„Ова е етурнир на кој е важно да ја минеш групата, не е важен впечатокот кој ќе го оставиш. Не очекувавме вака тешка приказна од овој натпревар и не чека борба. Можеби од таа борба ќе излеземе подобри. Светското првенство ни беше пред две години, играчите сега се постари.
Лошо се поставивме со Албанија, се повлековме и примивме гол, а за малку и трети. Не беа тие плановите, им кажав на играчите да одиме и по трет гол и кога имавме висок пресинг, бевме добри. Албанија правеше се преку долги топки и контри, а продолжението ни беше катастрофа во играта“, изјави селекторот Златко Далиќ.