Фудбал Огласот стана хит на социјалните мрежи

Црногорецот кој е мета на Манчестер Јунајтед преку Инстаграм продава „Голф 8“ (ФОТО)

Црногорскиот напаѓач Никола Крстовиќ сезонава блеска во Серија А. Поранешниот првотимец на Црвена звезда од Дунајска Стреда премина во Лече каде на 11 натпревари постигна четири гола. Минатата недела некои италијански медиуми пишуваа дека Манчестер јунајтед ги следи неговите настапи во Серија А.

Црногорецот кој е мета на Манчестер Јунајтед преку Инстаграм продава „Голф 8“ (ФОТО)

Сепак, Крстовиќ, на почетокот на оваа недела е во фокусот на италијанските медиуми за сосема друга работа. Тој реши да го продаде својот автомобил преку социјалните мрежи.

На Инстаграм објави оглас во кој наведува дека продава „Голф“ (Фолксваген Голф 8 ГТД).

„Се продава VW Golf 8 GTD 2022 година, 18.000 KM, цена 41.000 евра. Итно“, напиша Крстовиќ.

Интересно, Црногорецот истакна дека продажбата е „итна“, иако веројатно нема проблем со парите, со оглед на тоа што има стабилен договор во Лече.

Неговата моментална вредност според Трансфермаркт е пет милиони евра.

To top