Фудбал

Чурлинов: Играме за Македонија и нема место за изговори

Чурлинов: Играме за Македонија и нема место за изговори

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов најавува борба за секоја топка и за секој метар од теренот на дуелите кои следат против големите фаворити.

– Иако немаме шанси да се пласираме на Европското првенство, целта е да дадеме се од себе. Тоа го правиме секојпат кога играме за Македонија, така ќе биде и сега. Сите знаеме против какви велесили ќе играме, ќе ги анализираме и Италија и Англија, но ние немаме што да загубиме. Едноставно треба да излеземе на терен и да одиграме максимално. Имаме доволно конкуренција во нашиот тим и се надевам дека тоа ќе му донесе профит на тимот. Играме за Македонија и ги браниме овие бои, нема простор за изговори кога го браниме националниот грб. Подготвен сум за игра, подобро се чувствувам од минатиот пат и му стојам на располагање на селекторот доколку избере да бидам на теренот, – изјави Чурлинов.

foto:ffm.mk

To top