Фудбал аргентина

Член на Владата на Аргентина е разрешен од функцијата откако побара извинување од Меси по финалето на Копа Америка! (ВИДЕО)

Заменик министерот за спорт во Владата на Аргентина, Хулио Гаро е разрешен од функцијата поради порака упатена кон најголемата фудбалска ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси по финалето на Копа Америка.

Аргентина, предводена од Меси, ја освои Копа Америка, но дел од неговите соиграчи предизвикаа скандал со навредливото скандирање на сметка на француските репрезентативци за време на славјето на трофејот.

Гаро, со цел да се намали негативниот ефект од однесувањето на репрезентативците, во изјава за аргентинските медиуми побарал Меси да се извини за скандалот, иако самиот фудбалер не бил во групата фудбалери кои беа снимени на спорното видео.

„Ниту еден владин претставник не може да каже што треба да мисли или прави аргентинската фудбалска репрезентација или некој граѓанин на државата. Затоа, Хулио Гаро веќе нема да ја извршува досегашната функција“ – се вели во соопштението од аргентинската Влада.

Самиот Гаро потоа се извинил за постапката, иако Меси воопшто и не реагираше на повикот за извинување.

To top