Македонија повторно ќе има репрезенти во Лигата на шампионите, а овој пат тоа ќе бидат четири фудбалери кои ќе настапат во три разлини клуба.
Тоа се Ељиф Елмас, кој го носи дресот на РБ Лајпциг. Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе играат за Динамо Загреб кој е во третиот шешир и Бојан Миовски кој е дебитант со Џирона и за првпат ќе биде дел од елитата.
Ждрепката за новата сезона во ЛШ е закажана за четврток.