Чешката фудбалска федерација официјално го назначи селекторот кој ќе ја води репрезентацијата на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Германија.
Се работи за искусниот Иван Хашек, кој доби договор до 2025 година, со можност за продолжување на соработката доколку Чешка избори учество на Светското првенство во 2026 година.
Хашек изјави дека е почестен што ја добил довербата од федерацијата, а ова за него претставува враќање во репрезентацијата, откако претходно кратко беше селектор во периодот меѓу 2009 и 2010 година.