Фудбал

Челзи останува без Делап

Челзи останува без Делап

Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември.

Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам 2:0 и поради тоа се стравуваше дека ќе мора да оди и на операција.

Сепак, младиот голгетер имаше среќа и нема да има потреба од операција, но ќе му треба подолг период на закрепнување кој ќе трае приближно 10 недели.

To top