Фудбал

Челси официјално го назначи Росинор за нов тренер

Челси официјално го назначи Росинор за нов тренер

Фудбалскиот клуб Челси стави крај на шпекулациите и официјално го именуваше Лијам Росиниор за нов главен тренер на машкиот тим.

Англискиот стратег пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ потпишувајќи договор кој го врзува за клубот дури до 2032 година.

Иако има само 41 година, Росиниор веќе има богато тренерско искуство. Својот занает почна да го пече во Дерби Каунти, каде што првично работеше како асистент на легендарниот Вејн Руни, а подоцна и како привремен менаџер во тешки времиња за клубот.

Вистинската афирмација ја доживеа на клупата на Хал Сити.

Преземајќи го тимот во ноември 2022 година, тој успеа да го трансформира од кандидат за испаѓање во тим кој се бори за плеј-оф, завршувајќи на 7-то место во сезоната 2023/24.

Круна на неговата досегашна работа беше преселбата во Франција. Во својата дебитантска сезона со Стразбур,

To top