Лондонскиот клуб Чесли успеа да ја продаде најскапата влезница за еден натпревар во Премиер лигата.
Извесен навивач на Челси платил неверојатна сума од 5.000 фунти за специјална влезница за натпреварот против Манчестер Јунајтед во април.
Навивачот со влезницата добил место да седи веднаш зад тренерот Маурисио Покетино, а ќе има прилика и да се запознае со фудбалерите.
Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити кој на свој навивач продаде влезница за 4.200 фунти. Најдобриот „пакет“ можеби го имаше Вест Хем кој продаде влезница за 4.000 фунти и во таа цена навивачот имаше можност да лета со хеликоптер на стадионот.