За трофејот во Конференциската лига ќе се борат екипите на Челси и Бетис кои излегоа како победници во пресметките со своите ривали.
Челси и во реваншот го совлада Дјургарден, сега со 1-0 и со вкупни 5-1 оди во мечот за титулата, додека на Бетис му требаа продолженија против Фиорентина затоа што по 120 минути игра, резултатот беше ист како на првиот меч (2-1).
Од друга страна, Бетис ќе има можност да стане прв шпански тим со пехарот од Конференциската лига, а во исто време да го освои својот прв европски трофеј во својата историја.
Клубот од Севиља успеа да се спаси во Фиренца и да одигра 2-2, резултат кој му одговараше во овој случај.
Мечот за титулата во Конференциската лига е закажано за 28 април во Вроцлав, а победниот ќе им се придружи на Рома, Вест Хем и Олимпијакос кои досега го освојуваа ова натпреварување.