Клубот од Лондон се реши да ја засили голманската позиција, па според последните информации од Англија веќе успел да го потврди договорот за ангажман на членот на Вилјареал, Филип Јоргенсен.
Јоргенсен во месец јуни ја продолжи соработката со „жолтата подморница“, ама тоа не беше проблем за Челси да притисне и за сума од 24,5 милиони евра да го добие неговиот потпис.