Фудбал

Чеферин за Супер лигата: Нека продолжат да трошат пари на своето „Монти Пајтон“ шоу

Чеферин за Супер лигата: Нека продолжат да трошат пари на своето „Монти Пајтон“ шоу

Александер Чеферин решил да се обрати во медиумите по последниот удар кој УЕФА го заработи со критиките и оставката на неговиот близок соработник Звонимир Бобан, а тоа го направил со интервју за „Гардијан“.

– Тој не заслужува мој коментар, луѓето кои не познаваат двајцата сами ќе извлечат заклучок, – рекол првиот човек на УЕФА.

Чеферин и натаму е убеден дека проектот Супер лига никогаш нема да биде реализиран, па нема ништо против обидите на промотерот на лигата да ги посетува клубовите и да им нуди учество во новото европско натпреварување.

– Не ми е гајле што прават.Ако имаат доволно ресурси да патуваат наоколу и да го прават ова Монти Пајтон шоу, нека продолжат така. Мене не ми е гајле и на фудбалската заедница не и е гајле. Никогаш не сум рекол дека им е забрането да играат во друго натпреварување, нека го направат тоа, но очигледно не можат. Нека се повлечат од нашето натпреварување, ако имаат толку клубови како што велат, не знам зошто не започнат, – иронично рекол Чеферин.

To top