Фудбал

Чави во вторник за последен пат ќе ја води Барселона?

Чави во вторник за последен пат ќе ја води Барселона?

Шпанскиот фудбалски стратег Чави Ернандез веќе во вторник би можел да ја напушти клупата на Барселона.

Шпанските медиуми ја пренесуваат веста дека 44-годишниот ќе го напушти клубот доколку Барса не успее да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи.

Чави Ернандез реши да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Својата одлука тој веќе одамна ја соопшти на клупското раководство, а иако се споменуваше можност за останување, 44-годишникот не се предомисли.

To top