Шпанскиот фудбалски клуб Барселона на тешко гостување славеше со 3-1 против Алавес, но тренерот Чави Ернандез не е задоволен со судијата Хозе Луис Мануер кој го исклучи Витор Роке.
Чави не го криеше незадоволството поради судиските одлуки, иако неговиот тим запиша важна победа во Ла Лига.
„Ќе ги замолам судиите да ни дозволат да бидеме конкурентни. Црвениот картон за Роке е уште една грешка на сметка на Барселона. Сите ја знаат вистината“, кажа Чави.