Фудбал

Чави: Среќен сум, ова е еден од најубавите мои моменти како тренер

Чави: Среќен сум, ова е еден од најубавите мои моменти како тренер

Барселона го победи Наполи со 3:1 (2:1) и по четири години се најде меѓу осумтте најдобри екипи на Стариот континент.

„Беше комплетен натпревар, горд сум на играчите. Тимот беше многу добар, агресивен, под висок притисок. Многу добра одбрана, бевме одлични. Навивачите уживаа, 3:1 против голем ривал не се случајни. Веќе кажав дека ќе направат чекор напред со моето заминување на крајот од сезоната. Луѓето не ми веруваа и велеа дека ќе ја загубам соблекувалната. Добивме многу нефер критики“, изјави Чави.

Тој откри и што им порачал на играчите да ги опуштат пред реваншот со италијанскиот тим.

„Има голем притисок врз играчите, живот или смрт, ултиматуми… Им реков да се смират, дека денес никој не умира. Имаше многу нефер критики. Среќен сум, ова е еден од најубавите моменти како тренер. Ја чекаме ждрепката, со ентузијазам и желба да влеземе во полуфиналето“, објасни Чави.

Тој беше прашан и дали овој резултат влијае на неговата одлука да го напушти каталонскиот тим на крајот од сезоната.

“Тоа не менува ништо. Ова е премногу емотивно. Чекор по чекор. Многу сум среќен. Одигравме комплетен натпревар, доминиравме во многу моменти. Ние сме меѓу осумте најдобри во Европа. Време е за уживање”. – изјави Чави.

To top