Чави Ернандез, тренерот на Барселона, најави дека на крајот од сезоната би можел да ја напушти клупата на каталонскиот гигант.
Актуелниот шпански шампион моментално е трет во поредокот, со осум бода помалку од лидерот Жирона и седум зад големиот ривал Реал. Тие беа елиминирани и од Копа дел Реј од Атлетик Билбао по продолженијата.
-Доколку не се подобриме до крајот на сезоната, ќе морам да заминам. Знам каде сум. Во Барселона треба да освојуваш титули или си во ризик, изјави Чави.
Годинава Барса имаше многу лоши изданија, но се уште е во конкуренција за трофеи во Ла Лига и Лигата на шампионите.
-Убеден сум дека нашиот проект кој ќе го носат врвни млади играчи има перспектива, изјави Чави.