Фудбал

Чави: ПСЖ останува фаворит за полуфинале

Чави: ПСЖ останува фаворит за полуфинале

Два пресврти, два гола на Рафиња и на крајот голем триумф на каталонскиот гигант донесе првиот дел од двомечот на ПСЖ и Барса.

„Исклучително сум горд на мојот тим. Ако човек сега не се чувствува горд, тогаш – кога? Мислам дека ПСЖ веројатно сè уште останува фаворит за полуфинале. Тие се фантастичен тим. Денес успеавме да ги ограничиме, особено во првото полувреме одигравме добар длабок пресинг.

Добро се одбранивме од Мбапе и создадовме многу шанси. На другата страна – Рафиња и Левандовски ја направија разликата во наша корист, а Педри многу ни помогна. Сепак, завршивме само половина од работата“, рече Чави.

To top