Стратегот е слободен повеќе од еден месец, откако три години работеше во редовите на шпанскиот клуб од Каталонија.
Како што пишува шпански „Спорт“, целта на Чави е по одморот да преземе клуб од Премиер лигата. Причината за такво нешто е што тој смета дека ова првенство е најинтересно и најконкурентно.
Не е познато каде тој би сакал да продолжи, но се шпекулира дека Чави е можен наследник на Пеп во Манчестер Сити.