Фудбал

Чави ќе биде новиот тренер на Јунајтед?

Чави ќе биде новиот тренер на Јунајтед?

По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието.

Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед.

Шпанецот детално ја анализирал Премиер лигата и верува дека е зрел да покрене голем, но моментално заглавен проект, кој под раководство на Рубен Аморим.

Јунајтед е сè уште во голема криза – по шест кола, тие се на 14-то место во Премиер лигата, далеку од европските натпреварувања, што е сериозен удар за клуб со толку голема традиција.

Во последното коло, тие беа поразени од Брентфорд со 3:1, а тренерот Рубен Аморим е блиску до отказ и покрај тоа што во понеделникот, клупските челници изјавија дека Португалецот ја има нивната поддржка.

To top