Фудбал

Чави: Добивме многу незаслужени критики, подготвени сме да се натпреваруваме во Европа

За Барселона ова е прво четвртфинале во Лигата на шампионите по 4 години.

Чави: Добивме многу незаслужени критики, подготвени сме да се натпреваруваме во Европа

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез беше пресреќен поради победата на тимот над Наполи и пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Каталонците победија со 3:1 и одат напред во турнирот со вкупен резултат 4:2.

– Навистина сум задоволен. Одигравме одлично и доминиравме речиси во текот на целиот натпревар. Фудбалерите дадоа максимум од себе. Горд сум на нив, изјави Чави.

За Барселона ова е прво четвртфинале во Лигата на шампионите по 4 години.

– Моравме да направиме чекор напред и успеавме. Сега мора да уживаме во она што го постигнавме. Добивме многу незаслужени критики, но денеска беше јасно дека сме подготвени да се натпреваруваме во Европа. Игравме добро и со и без топка. Не му дозволивме на противникот да направи брзи транзиции. Мислам дека на навивачите им се допадна тоа што го видоа, изјави Чави веднаш по мечот.

To top