Чаби Алонсо на крајот од сезоната си оди од Баер Леверкузен и ќе го преземе кормилото на Ливерпул, пренесува „Билд“.
Алонсо прави „чуда“ со Баер Леверкузен каде е лидер на табелата и оваа сезона се бори за титулата во Бундес лигата.
Многу европски гиганти ја следат неговата работа и го сакаат во своите редови, а тој преферира да го преземе Ливерпул, клуб каде е вистинска легенда.