Кристијано Роналдо имаше многу силна сезона со тимот на Ал Наср, завршувајќи ја сезоната со 44 гола и 13 асистенции во 44 натпревари во сите натпреварувања.
Добрата форма на португалската легенда не остана незабележана во Европа, бидејќи во Шпанија се појави информација дека новиот шампион на Германија – Баер Леверкузен сака да го привлече Роналдо.
На неговото доаѓање на „БајАрена“ инсистира и самиот тренер на „аспирините“ Чаби Алонсо, кој му беше соиграч на Кристијано во Реал Мадрид и одлично ги познава напаѓачките квалитети.
Понудата на Леверкузен за Роналдо е поттикната од фактот дека тимот минатата сезона ја освои двојната круна во Германија и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.