Фудбал

Бунт во фудбалската репрезентацијата на Англија пред ЕП

Бунт во фудбалската репрезентацијата на Англија пред ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт реши да не смета на неколку познати играчи на претстојното ЕП во Германија (14 јуни-14 јули), па откако го изостави Маркус Рашфорд од поширокиот список, сега го „пречкрта“ и Џек Грилиш од конечниот список.

Навивачите не се единствени незадоволни, туку разочарување има и кај самите англиски репрезентативци, кои се збунето зошто е отстранет Грилиш.

Британски „Телеграф“ пренесува дека дел од фудбалерите биле толку шокиран што побарале од тренерот да ја објасни својата одлука пред сите во тимот.

„Тој можеби не заслужи да оди во Германија врз основа на формата од оваа сезона, но тој е профил на играч каков што нема во тимот. На 20 минути до крајот, Џек е тој што го сакате во тимот“, напиша новинарот Амос Марфи, еден од многуте кои го изразија своето незадоволство.

 

To top